Следи нѐ
To Top

Потврдени првите имиња на „Пивофест 2016“

Општина Прилеп започна со објавување на официјалната програма за 14. издание на Фестивалот на пивото. 

Меѓу првите потврдени изведувачи се наоѓа македонска поп пејачка Каролина Гочева, Хари Мата Хари и Аца Лукас.

Гочева досега имаше многубројни концерти, како во Скопје, така и низ Македонија, а зад себе има голем број на познати хитови, како и двата последно издадени албуми “Македонско девојче” кои привлекоа големо внимание како кај македонската, така и кај балканската публика.

Од Општина Прилеп најавуваат и голем број на странски ѕвезди кои оваа година ќе ја збогатат програмата на Фестивалот на пивото.

Оваа година фестивалот „Пивофест 2016“ ќе трае од 14-ти до 17-ти јули.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.