Следи нѐ
To Top

„Самостални референти“ и „RAPHAEL“ на бината на „Пивофест 2016“

Општина Прилеп го дополнува списокот со имиња кои оваа година ќе настапат на 14. издание на Фестивалот на пивото „Пивофест 2016“.

Прилеп традиционално е домаќин на светските реге артисти, па така оваа година на сцената на Пивофест на 14 јули ќе настапи италијанскиот реге изведувач Рафаел кој доколку би го слушнале би сфатиле дека токму такво нешто досега недостасуваше на вака голема летна пиво забава, познат кај публиката со хитот Soundblaster.

Наредниот ден, на 15 јули, на Пивофест ќе настапи познатата ска-панк група од Белград “Самостални референти”.

Освен нив, на последниот фестивалски ден, заедно со Аца Лукас, ќе настапи и девојката која ја паметиме по “Ѕвездите на Гранд”, како и по учеството во улога на жири во едно од музичките реални тв шоу-а, Рада Манојловиќ.

Општина Прилеп и во наредните денови ќе продолжи со објавување на програмата за овогодинешното издание на Фестивалот на пивото и добрата музика – Пивофест 2016.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.