//
Следи нѐ
To Top

Утре почнува со работа базенот Аеродром (ФОТО)

Летната атракција – Базен Аеродром и оваа летна сезона ќе биде центар на беспрекорните забави и дружења кои што ќе им овозможат на сите посетители максимална сатисфакција и уживање во пеколните летни денови.

Посетителите ќе можат да ја почувствуваат летната водена еуфорија и неверојатната атмосфера со отворањето на Базен Аеродром на 11-ти јуни, сабота од 10 часот.

реклама

Очекувањата на метеоролозите за тековната летна сезона во Скопје се базираат на пеколно високи температури, и каде најдобро да се разладите во текот на жешките денови ако не во најдобриот отворен базен во Скопје – Базен Аеродром. Токму затоа, оваа сабота во 10 часот ќе биде почетокот на незаборавното лето што го овозможува базенот со разни летни изненадувања, лудории, забава, бескрајно дружење.

1004846_642475615770967_1067077672_n

Воедно, поради фудбалската еуфорија која ги обзема сите македонски граѓани со Европското Првенство во Франција, Базен Аеродром овозможува посебен спортски корнер каде што ќе се врши следење на сите натпревари и заедно со понудените вкусни специјалитети од ресторанот, посетителите со своето друштво ќе можат да уживаат во адреналинската и енергичната атмосфера.

Јавноста ќе биде дополнително известена за сите забавни содржини кои се планирани за летните месеци. Сите потребни информации за капацитетот на Базен Аеродром и новитетите и неверојатните можности кои ги нуди, можете да ги проследите на Facebook профилот од следниот линк: https://www.facebook.com/BazenAerodrom/

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

  • Првиот пешачки 3-Д мост (видео)

    Во Шангај е пуштен во употреба најдолгиот бетонски пешачки мост на светот кој е изграден со технологија за 3-Д печатење. Автор...

    Информативна Редакцијајуни 10, 2016
  • Германeц се возел меѓу два вагона од воз со 200 километри на час

    Германeц кој патувал кон Хамбург со воз излегол да испуши цигара, па останал заглавен меѓу два вагона, во движење со брзина...

    Информативна Редакцијајуни 10, 2016
  • Кобила е „Австралијка на годината“

    Еден австралиски дневен весник номинираше кобила, како единствена кандидатка за избор на „личност“ која изминатава година покажа напорна работа, борбеност и...

    Информативна Редакцијајуни 10, 2016
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: