Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Светски познатите „Fly Project“ доаѓаат на Пивофест во Прилеп!

МК Сцена

Светски познатите „Fly Project“ доаѓаат на Пивофест во Прилеп!

Светски познатите Fly Project кои се прославија со хитовите „Toca, toca“, „Like a star“, „Musica“ и многу други, ова лето ќе настапуваат на сцената на Фестивалот на пивото и добрата музика „Пивофест 2016“.

На радост на постарата генерација, пак, свое учество официјално потврдија и Парни Ваљак и во градот под Марковите кули ќе се пеат нивните вечни хитови: „Све још мирише на њу”, „Моја је песма лагана”, „Јесен у мени”, „Ухвати ритам”, „Године пролазе”…

Популарно.мк и ова долго и топло фестивалско лето освен од центарот на забавата на фестивалите Егзит и Сигет, екслузивно ќе ве известува и од најголемите македонски фестивали Пивофест и Д Фестивал.

Колку само за потсетување „Пивофест” започнува од 14-ти јули и ќе трае четири дена, односно, до 17-ти јули кога официјално завршува овогодинешното четиринаесето издание.

 

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.