Следи нѐ
To Top

Уште едно светски познато диџеј дуо доаѓа на Пивофест во Прилеп!

Општина Прилеп продолжува со најавување на програмата за овогодинешниот Фестивал на пивото Пивофест 2016.

BANG LA DECKS e супер звучно грчко DJ дуо кое ќе има свој перформанс на Прилеп. Дуото кое го сочинуваат успешни продуценти кои имаат милионски прегледи на нивниот јутјуб канал и со сигурност ќе ја разиграат публиката пред бината на Пивофест.

Инаку во официјалната програма се потврдени настапите на: Хари Мата Хари, Аца Лукас, Каролина Гочева, Рада Манојловиќ, Тропико бенд, рок- легендите „Парни ваљак“, белградскиот бенд „Самостални референти“ и реге-артистот Рафаел.

Од светската сцена како дел од овогодинешниот Пивофест ќе бидe романскиот бенд „Fly Project“, а од македонските артисти ќе настапи Каролина Гочева на втората фестивалска вечер, 15 јули, која пред публиката ќе се претстави со својот бенд со песни од проектот „Македонско девојче“.

Оваа година Пивофест 2016 се одржува од 14 до 17 јули и се очекува 14-тото издание „Пивофест 2016“  и годинава да понуди богата музичка програма и добра забава за сите посетители.

<
>

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.