Поврзи се со нас

Популарно.мк

Виножито над Орландо за време на поменот за жртвите во геј клубот

Занимливости

Виножито над Орландо за време на поменот за жртвите во геј клубот

Виножито се појави вчера на небото над американскиот град Орландо за време додека се одржуваше помен за жртвите во масакрот во геј клубот, што се случи предминатиот викенд.

Тоа предизвика воодушевување кај присутните, кои со радост го проследија виножитото над паркот крај езерото Еола и го снимаа со своите камери и фотоапарати. Според организаторите, на поменот имало околу 50.000 лица.

Луѓето држеа бели цветови и букети, американски знаменца и свеќи.

Комеморативни церемонии по повод масакрот во Орландо вчера се одржаа и во други американски градови. Викендов имаше и геј паради низ цела Америка, во кои учествуваа илјадници Американци.

На „Фестивалот на гордоста“ во Денвер присуствуваа неколку стотици илјади лица. Немаше никакви инциденти, но се чувствуваше траорот. Парадите во Чикаго, Провиденс, Њу Орлеанс, Сиракуза, Њујорк и забавата на плажа во Калифорнија се одржаа под засилени мерки на сигурност.

Освен претставници на геј заедниците, во овие настани учествуваа и многу хетеросексуалци, кои сакаа да изразат сочувство и солидарност.

Билансот од нападот во барот „Пулс” во Орландо е 49 убиени и 53 ранети. Напаѓачот Омар Матин подоцна беше убиен во престрелка со полицијата.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.