//
Следи нѐ
To Top

Во Загреб поставена првата „паметна“ клупа (ФОТО)

Пред зградата на Рекоратот на Универзитетот во Загреб вчера е поставена првата „паметна“ соларна клупа, чија целм меѓу другото, треба да биде поттикнување на поголемо користење на зелени и еколошки одржливи технологии, објавија денеска хрватските медиуми.

Според најавите, по оваа, пред отворањето на Европските универзитетски игри во јули, пред Филозофскиот факултет во Загреб ќе биде поставена и втора „смартклупа“.

реклама

Соларната клупа е иновативен проект на младиот студент од Факултетот за елетротехника, машинство и бродоградба при Универзитетот во Сплит „Иван Мрвош“.

Освен за одмор, клупата служи и за полнење мобилни телефони или таблети, има хотспот за интернет, сензори за мерење на квалитет на воздухот, но и за собирање други податоци кои се јавно достапни, како јачината на бучавата или температурата на воздухот.

Во текот на ноќта, клупата служи како јавно осветлување, а има бројач на минувачи.

– Таа може да работи десет дена без сонце и отпорна е на удари, рече Мрвош.

Тој истакнува дека би сакал да постави уште 20 клупи во Загреб и 500 ширум во светот во текот на оваа година и уште неколку илјади други во текот на 2017.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

  • Првиот пешачки 3-Д мост (видео)

    Во Шангај е пуштен во употреба најдолгиот бетонски пешачки мост на светот кој е изграден со технологија за 3-Д печатење. Автор...

    Информативна Редакцијајуни 22, 2016
  • Германeц се возел меѓу два вагона од воз со 200 километри на час

    Германeц кој патувал кон Хамбург со воз излегол да испуши цигара, па останал заглавен меѓу два вагона, во движење со брзина...

    Информативна Редакцијајуни 22, 2016
  • Кобила е „Австралијка на годината“

    Еден австралиски дневен весник номинираше кобила, како единствена кандидатка за избор на „личност“ која изминатава година покажа напорна работа, борбеност и...

    Информативна Редакцијајуни 22, 2016
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: