Следи нѐ
To Top

ЏОН ЊУМАН ВО СКОПЈЕ: „Love Me Again“ ечеше во „Борис Трајковски“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Серијата на светски концерти во Скопје се заокружи со настапот на познатиот хитмејкер Џон Њуман кој вчеравечер одржа концерт во Вип арената „Борис Трајковски“.

Иако Џон Њуман имаше навистина тешка и неблагодарана задача веднаш по Енрике Иглесијас да настапи во полупразната „Вип Арена“, тој остана доследен на ветувањето кон македонската публика и со многу енергија ги забавуваше присутните фанови.

Како вистински професионалец, Њуман на почетокот и се извини на публиката во арената „Борис Трајковски“ за 15-минутното доцнење на концертот и низ смеа порача дека ако не доцни не би било „кул“, и дека секој оној кој купил влезница за неговиот настап, заслужува да види перформанс на сцената.

<
>

– Вечерва песните не ги пеам за некој што не заслужил, вечерва ќе ги отпеам за вас – и порача Њуман на публиката и беше поздравен со бурни овации.

Њуман и неговиот бенд, засилен со две атрактивни вокалистки кои ги мамеа погледите на машкиот дел од публиката, се вратија на сцена и беа поздравени со бурни овации и аплаузи, а тие и им се оддолжија на своите македонски фанови со енергичната изведба на познатата „Not giving up“ која ја сними заедно со популарниот британски бенд „Рудиментал“ , и големиот хит „Love me again“која предизвика делирум во арената и ја крена публиката на нозе.

Њуман во моментот е на турнеја низ Европа, на која го промовира својот втор албум „Revolve“, а по Скопје ќе има концерти во Белград и во Загреб. Концертот на Џон Њуман во Скопје беше во организација на „Авалон “ продукција.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.