Следи нѐ
To Top

Дали мобилните телефони привлегуваат молњи?

Откако во Москва молња удри во мобилниот телефон на едно момче, додека тоа разговарало за време на бура, руските медиуми побараа стручно мислење.

– Колку што разбирам, мобилниот не е поопасен од велосипедот, скиите, или кој било друг предмет што во одреден момент луѓето го користат. Сметам дека нема некакво особено значење тоа дека тука се работи за мобилен. Едноставно, тоа е често употребуван предмет, којшто често се наоѓа близу нашата глава. Тоа е случајност, молњите се случуваат, и за жал од тоа загинуваат луѓе, рече Александар Гинсбург, доктор по физичко-математички науки на „Обухов”, Институтот за физика при Руската академија на науките.

реклама

Сепак, тој понатаму образлага дека и најмалата електрична енергија, која ја има во мобилните, е поопасна од изолацијата, на пример.

– Не треба за време на бура да се разговара по мобилен телефон, препорачува Гинсбург.

Што се однесув до момчето, како што самиот тој раскажува за порталот Life.ru, громот го погодил во раката, но тој сега чувствува болки само во главата. Според лекарите пак, момчето е при здрава свест и нема потреба од дополнителна медицинска помош. Веројатно ударот не ја содржел целата силина на атмосферското празнење.

Во истото тоа невреме, од гром загинаа еден маж и две жени.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Наука

  • Почина Пол Ален, соосновачот на Мајкрософт

    Соосновачот на Мајкрософт, Пол Ален почина вчера на 65 години. Претходно, тој и соопшти на јавноста дека ракот што веќе еднаш...

    Информативна Редакцијајули 4, 2016
  • Чернобил повторно произведува струја

    Украинските власти одлучија на најдобар можен начин да ја искористат загадената зона околу Чернобил и на местото каде што се случи...

    Информативна Редакцијајули 4, 2016
  • Речиси 260 луѓе загинале правејќи самослик

    Со појавата на „паметните телефони“, самосликовите станаа прилично популарни. Но, едно ново индиско истражување покажува дека тие можат да бидат и...

    Информативна Редакцијајули 4, 2016
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.