Поврзи се со нас

Популарно.мк

МОРАЛНА ПОБЕДА ВО „ЅВЕЗДИЧКИ“: Мартија заврши на второ место и потпиша договор со Пинк (ВИДЕО)

ИЗВОР: ТВПАКЕТ / ДАНИ

МК Сцена

МОРАЛНА ПОБЕДА ВО „ЅВЕЗДИЧКИ“: Мартија заврши на второ место и потпиша договор со Пинк (ВИДЕО)

Мартија Станојковиќ, македонската учесничка во хит шоуто “Пинкови ѕвездички” заврши на второто место во маратонското финале кое траеше неверојатни седум часа. За цела Македонија, нашата кандидатка е морална победничка на шоуто, а со тоа се сложуваат и многу балкански фанови и гледачи на Пинковите ѕвездички.

Таа во спектакуларната вечер за паметење испеа пет песни со кои го зацврсти своето место на пиедесталот на најдобрите не само во цел регион, туку и во светски рамки. Триумфираше со “I don’t wanna miss a thing” од Aerosmith, а во победничкиот дуел се претставо со изведбата која ја прослаби и го одбележа нејзиното учество – “Writing’s on the wall”:

Македонија досега немала пејачка како што е таа, се согласуваат сите. Нејзиниот беспрекорен талент во пеење и драма, нејзината харизма на сцена, гласот кој хипнотизира, гестовите кои освојуваат, стајлинзите кои се зборуваат… сето тоа ја прави малечката Мартија вистински феномен во талент шоуата кои се појавиле во овој регион.


Martija Stanojković – Writings on the wall by PinkoveZvezde

Комплетна од секој аспект, прекрасна во секоја сфера. Таа е новата Каролина, новата Елена за нашата сцена, таа е новата Џенифер Лопез, новата Ариана Гранде, новата Кристина Агилера на светската сцена. Не’ направи горди, со задоволство го следевме секој нејзин настап, навивавме за секоја нејзина победа, ја бодревме до крајот и бескрајно сме и благодарни за тоа што го понуди во македонскиот телевизиски етер и македонската музичка сцена.

Популарно.мк од почетокот ја поддржа Мартија, пишуваше за секој нејзин спектакл кој од нејзе направи феномен, и и’ посакува многу успех понатаму и блескава кариера. Секоја чест, Мартија!

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.