Следи нѐ
To Top

Nicky Romero ѕвезда на третата фестивалска вечер на Егзит (ФОТОГАЛЕРИЈА)

После две ноќи и преку илјада настапи на тврдината, Егзит спремно ја дочека грозницата од саботната вечер!

Синоќа на главната бина владееја рокенрол бендот The Vaccines, кои го оправдаа статусот најдобар лајв британски бенд.
Гитарите ги свиреа хитовите  “If You Wanna”, “Post Break-Up Sex”, “Ghost Town” и бројни други кои со хорски овации беа пречекани од 47 илјадната присутна публика.

реклама

DSC_0075

Ударниот термин синоќа ја имаше српската легендарна група Disciplin A Kitchme кои на фестивалот го промовираа нивниот нов албум “Opet“.

DSC_0034

Најголемата саботна журка во Европа, синоќа се одржа на mts Dance арената, каде со многу пиротехника и сценски ефекти публиката непрестано играше на супер-популарниот Nicky Romero. За наше изненадување, беше откажан настапот на познатиот продуцент Robin Schulz кој се разболел непосредно пред настапот на Егзит.

13658601_1114366561957372_1941010533_n

Вечерва завршува првиот дел од Егзит авантурата на Петроварадинската тврдина со експлозивна програма каде главни хедлајнери се The Prodigy, Wiz Khalifa и Techno All-Stars!

Популарно.мк останува во Нови Сад да ви ги пренесе сите случувања од финалето на фестивалот Егзит!

DSC_0037 DSC_0056 13658601_1114366561957372_1941010533_n DSC_0075 DSC_0067 DSC_0061 DSC_0057 DSC_0006 DSC_0034 DSC_0009 DSC_0130 DSC_0133 DSC_0134 CSC_0144 DSC_0002 DSC_0077 DSC_0081 DSC_0087 DSC_0091 DSC_0122
<
>

 

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Музика

error: Содржината е заштитена со авторски права.