Следи нѐ
To Top

Адријана Лима закрепнува од прекинот на врската на Миконос

Манекенката и поранешен „ангел на Викторија Сикрет“, Адријана Лима, неодамна ја прекина едногодишната врска со нејзиното момче Џо Томсон.

Тие ја започнаа врската на почетокот на 2015 година, но како што објави „Ентертејнмент Тунајт“ двојата веќе некое време имале проблеми. Последен пат, тие беа видени заедно во мај во Кан,

реклама

Сега, по прекинот, 35-годишната манекенка од социјалните мрежа ги избриша сите „докази“ за нејзиното поранешно момче, а елегантната тоалета последниве денови ја замени за секси бикини во кои шета по плажите на грчкиот остров Маконос, каде се одмора со пријателите.

Инаку, Лима е поранешна сопруга на српскиот кошаркар Марко Јариќ од коге се разведе во 2014 година, по пет години брак. Тие имаат две ќерки – петгодишната Валентина и тригодишната Сиена.

Претходно во 2002 година, Адријана беше верена со Лени Кравиц, а пред извесно верме ја поврзува со Џастин Бибер, што таа неколкупати остро го демантираше.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.