Следи нѐ
To Top

FLY PROJECT: „Прилеп, подгответе се вечерва за луда забава!“ (ВИДЕО)

Екипата на Популарно.мк продолжува со фестивалските збиднувања.

Од денес до недела во градот под Марковите кули, Прилеп, се одржува 14. издание на фестивалот на пивото Пивофест, а ние од лице место ве информираме со сите најнови информации.

реклама

Вечерва на бината во Прилеп настапуваат Тропико Бенд, Рафаел и единствените Флај Проџект кои се најавени како најголеми ѕвезди на фестивалот, а екипата на Популарно.мк имаше ексклузивна можност да ги интервјуира.

 

Флај Проџект е романско денс дуо кое го сочинуваат двајца артисти, Тудор Јонеску и Дан Денес, кои дебитираат во далечната 2005 година со песната „Raisa“, а веќе денес, 11 години подоцна, се едни од најпознатите Романци со повеќе од 2.000 настапи во живо и преку 200.000.000 прегледи на онлајн платформата Јутјуб.

– „Нѐ вративте во минатото (се смее). Да, ние работиме уште од 15 години и никогаш нема да заборавам како заедно се трудевме да се пробиеме на романската сцена. Работите започнаа да се одвиваат едно по друго, песна по песна, хит по хит. Се започна со песната „Raisa“ која веднаш стана голем хит во Романија и всушност на тој начин и музиката се случи во нашите животи. И навистина сме среќни и фасцинирани колку многу постигнавме после тоа, ниту ние не знаевме дека сме достигнале 200 милиони прегледи на Јутјуб (се смее). За нас тоа е инспирација, напорна работа и добра среќа, и така и продолжуваме.“ – вели Тудор Јонеску.

Инаку, организаторите од Општина Прилеп оваа година најавија рекордни 350.000 посетители во текот на четирите фестивалски дена, а тоа е причина плус FLY PROJECT да ја донесат нивната забава и во Македонија.

– „Ајде да се договориме, вие ќе донесете многу ладно пиво и убави девојки, а ние ветуваме дека ќе ја донесеме најдобрата музика и заедно ќе ја направиме најголемата и најжешка забава на Балканот! Во Романија сме познати како бенд кој секогаш е тука да ја „загрее“ атмосферата и сме сигурни дека тоа ќе го направиме и во Прилеп.

Тие ни кажаа дека се обожаватели на ладното пиво кое, како што кажаа, одлично ќе дојде на лудата атмосфера која ја подготвуваат за настапот на Пивофест.

– „Очекувајте голема „Тоca Toca“ забава во Македонија и се гледаме на Пивофест“ – велат тие.

Екипата на Популарно.мк и вечерва се дружи со Флај Проџект, а детали од нивниот настап читате утре.

 

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.