Поврзи се со нас

Популарно.мк

Најмалку 84 луѓе загина во нападот во Ница

Актуелно

Најмалку 84 луѓе загина во нападот во Ница

Јавниот обвинител на Париз, Франсоа Молин изјави дека во нападот со камион во Ница убиени се 84 лица, од кои 10 се деца и младинци.

Тој додаде дека не е конечен бројот на жртвите од синоќешниот напад во Ница, јави дописникот на МИА од Париз.

Молин истакна дека бројот на загинатите може да се зголеми, со оглед дека од 202 повредени лица. 52 се во критична здравствена состојба, од кои 25 се на реанимација.

Претходно, Интерпол соопшти дека испратил екипа во Ница. Во тимот на Интерпол вклучени се специјалисти за тероризам, како и експерти кои можат да извршат брза проверка во базите на податоци.

Тимот на Интерпол, исто така, ќе пружи помош и во идентификација на жртвите од нападот меѓу кои има и странци.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.