Поврзи се со нас

Популарно.мк

Рада Манојловиќ и Аца Лукас за рекордна трета фестивалска вечер на Пивофест (ФОТОГАЛЕРИЈА)

МК Сцена

Рада Манојловиќ и Аца Лукас за рекордна трета фестивалска вечер на Пивофест (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Фестивалот на пивото ги сруши рекордите на посетеност!

Повеќе од стоилјадна публика се собра синоќа во Прилеп на третата вечер од „Пивофест 2016“. Фестивалот на пивото и на скарата по 14. пат покажа зошто е најголемиот и најдобар од овој тип на Балканот.

Третата вечер ја отвори Миле Кузмановски, а публиката подготвено ја очекуваше „Не кани ме“ за во еден глас да го натпеат дури и него.

Долго очекуваната и омилена меѓу новинарите, Рада Манојловиќ, пак, ги оправда сите очекувања. Српската пејачка постојано беше меѓу публиката, играше и направи одлична забава.

IMGL9363 FUN_9355 FUN_9468 FUN_9452 FUN_8822 FUN_8940 IMGL9514 IMG_0763 FUN_8873 IMG_0765
<
>

Ѕвезда на вечерта беше настапот на Аца Лукас. Балканската ѕвезда пееше и негови, но и песни од неговите омилени изведувачи. Публиката се радуваше на секој следен хит, но најмногу кога Лукас седна на тапаните и ја засвири „Јовано, Јованке“.

– Прилеп, морам да признам дека ова е неверојатно. Публико, секоја чест! Пеев на Маракана во Белград, но после него ова е најголемиот настап каде сум пеел. Одлично е! – рече тој.

Тој остана на сцената до два часот по полноќ, но забавата низ градот траеше до рано наутро.

Во продолжение погледнете ја официјалната галерија од третата фестивалска вечер на Пивофест:

 

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.