Поврзи се со нас

Популарно.мк

Македонските тур-оператори не ги откажуваат аранжаманите за Турција

Актуелно

Македонските тур-оператори не ги откажуваат аранжаманите за Турција

Тур-операторите и туристичките агенции, членки на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија, кои веќе имаат договорени туристички аранжмани (чартер авио-летови и пакет-аранжмани) за летната сезона во Турција, продолжуваат да ги организираат патувањата до понудените дестинации.

Како што соопшти Стопанската комора, оваа одлука е донесена по синоќешните разговори и анализирање на состојбата во Турција.

На одлуката влијаело и соопштението од Советништвото за култура при Амбасадата на Република Турција во Скопје, со кое се потврдува дека сите странски гости кои се наоѓаат и планираат да престојуваат во Турција се сигурни, како и дека во наредните три месеци, почнувајќи од 21 јули годинава, додека трае воведената вонредна состојба, се зголемени безбедносните и превентивните мерки.

– Од друга страна, согласно актуелните состојби во Турција, кај угостителските објекти (хотели), членки на Здружението на угостителството и туризмот, евентуалниот намален прилив на турски туристи во земјава, кој би настанал по најавените откажувања на планирани престои, може да се одрази негативно на нивното планирано тековно работење, наведува Комората.

Според статистиката, туристите од Турција се најбројни во Македонија неколку години наназад.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.