Поврзи се со нас

Популарно.мк

СОН НА СЕКОЈ МИЛИЈАРДЕР: Погледнете ја новата суперјахта „Црн лебед“

Занимливости

СОН НА СЕКОЈ МИЛИЈАРДЕР: Погледнете ја новата суперјахта „Црн лебед“

Инспириран од формата стрела, Тимур Бозка дизајнира нова суперјахта, за која дури и милијардерите можат само да сонуваат – таа засега е достапна само како концепт.

– Сакав да направам аеродинамичен екстериер, кој на јахтата ќе даде препознатлив изглед, а истовремено ќе ја зголеми нејзината ефикасност, објасни Бозка.

Лежалките, базенот, барот и местото за слетување на хеликоптер се само дел од луксузот кој го нуди „Црн лебед“. Како посебен додаток, дизајнерот осмислил два балкона под лак, оградени со стакло за да можат патниците непречено да уживаат во убавините на зајдисонцето или плажите покрај кои би застанале.

hp-black-swan-super-yacht-3-1[1]

На палубата на бродот се наоѓа бар, лежалки и базен, кои лесно се спуштат кон крајот на бродот за визуелно се стопува со морската површина.

Освен тоа, стаклен ѕид дели барот од внатрешноста на бродот за да пружи што подобар поглед на луксузот.

До хеликоптер се доаѓа од внатрешноста на бродот по пат на скриен лифт со цел да се постигне што поедноставен изглед на бродот.

Во јахтата се сместени седум луксузни соби, а таа може да превезува 12 патници.

Дизајнерот рече дека „Црн лебед“ би го движеле четири мотори со околу 23.000 коњи, кои би давале најголема брзина од 28 чворови или 50 километри на час.

Јахтата исто така мора да носи 183.000 литри гориво, потребни за работа на огромните мотори.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг

Трендинг

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.