Следи нѐ
To Top

Преку 12.000 посетители за најсилното издание на Грин бич фестивал во Охрид (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Со највозбудливата програма во која се запишаа вкупно 14 изведувачи на кои подеднакво им се восхитува и комерцијалната и андерграунд сцената, Грин бич фестивал по седми пат донесе ултимативно дводневно фестивалско доживување во Охрид. 

На фестивалската бина настапија познати светски имиња како “Аме”, “Дабфајр”,”Блек кофи”и Џејмс Забиела, а подеднакво беше атрактивна и листата со 10 од најистакнатите домашни артисти, како Александар Видиновски, Горан Кан, Илина Ангел, Лефонк, Марјан Стојановиќ-Маци, Мирко Попов, Никифор, Стојче, Томи Бојаџи и Флудер, кои ја пополнуваат бројката од вкупно 14 изведувачи.

DSC_4638

– „Посебен успех за ова издание на Грин бич фестивалот е што се потврди дека кај нас има интерес од голем број на публика и кога се во прашање изведувачи кои се подеднакво влијателни на комерцијалната и андерграунд сцената.“ – вели Катерија Евго од Пасворд продукција.

За време на двата дена со вкупно 14 изведувачи, Грин бич фестивалот пречека повеќе од 12.000 посетители.

Посебен момент беше атмосферата на затворањето на фестивалот која го понесе хедлајнерот Дабфајр, кој пак видно расположен го продолжи својот сет и ја забавуваше публиката речиси четири часа, за и денес да остане во Охрид. Тој во Охрид пристигна со својот приватен авион и заминува откако денот по негово инсистирање ќе го помине во Охрид.

Погледнете ја атмосферата од Грин бич фестивал низ објективот на нашиот фоторепортер Атанас Стојановски:

<
>

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.