Следи нѐ
To Top

Две жртви во сообраќајката на патот Удово-Демир Капија

Две лица загинаа во судирот на патничко моторно возило и автобус на магистралниот пат Удово-Демир Капија што се случи утрово околу 7:20 часот.

Како што информира Лиза Бендевска од МВР, „фиат сеиченто” со скопски регистарски ознаки удрил во автобус со струмички таблички.

реклама

– Загинати се возачот и сопатничката од фиатот. Седумгодишно дете кое патувало со нив е префрлено на скопските клиники заради медицинска помош, соопшти Бендевска.

Увидот на местото на сообраќајката сеуште трае. Повеќе детали од МВР најавувија во текот на денот.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.