Следи нѐ
To Top

Се очекуваат 15.000 посетители за концертот на Д Продиџи во Охрид!

До денес се продадени над 5 илјади влезници за претстојниот концерт на еден од најголемите концертни бендови на светот на сите времиња, Д Продиџи, кој ќе се одржи на 14-ти август, на стадионот „Билјанини извори“, во рамките на фестивалот „Охрид колинг 2016“, потврдуваат од Авалон продукција.

Од таму велат дека се очекува да биде надминат рекордот од концертот на Лени Кравитс (12.000 посетители).

Д Продиџи доаѓаат во Македонија во зенитот на својата кариера, кога тие се огромен скоро стадионски бенд, хедлајнери на речиси сите европски и светски фестивали, и тоа една година по излегувањето на нивниот последен албум „Д Деј Ис Мај Енеми“, кој четврти пат по ред бендот го освои првото место на британската топ листа на албуми.

На концертот на Д Продиџи, кој важи за еден најомилените бендови на македонската публика, oчекуваме Охрид да биде „нападнат“ од околу 15 илјади посетители од Македонија и од регионот.

Како што неодамна тие најавија, за момците од Д Продиџи можно е ова да биде дури нивна последна турнеја, а ова беше можеби и последна можност да ги донесеме во Македонија, велат од Авалон продукција.

Влезниците за овој концертен спектакл ќе можете да ги набавите на сите продажни места на Купи Карти За Се и Тикет Плус, како и онлајн.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.