Поврзи се со нас

Популарно.мк

ПОПЛАВЕНИ УЛИЦИ И АВТОМОБИЛИ: Невремето ги остави скопјани без струја и интернет (ФОТО)

ФОТО: ФЕЈСБУК

Актуелно

ПОПЛАВЕНИ УЛИЦИ И АВТОМОБИЛИ: Невремето ги остави скопјани без струја и интернет (ФОТО)

Невреме со пороен дожд, силен ветар и грмотевици попладнево го зафати Скопје и остави неколку делови од градот без електрична енергија, интернет и телевизија.

Поплавени се улици, има расфрлани искршени гранки, а најкритична е состојбата кај подвозниците, кои повеќето се непроодни за возила и луѓе.

Бродец и Шипковица се отсечени поради невремето проследено со силен дожд, ветер и грмотевици.

Како што информира Дирекцијата за заштита и спасување врз основа на добиените податоци од терен, зафатени беа селото Бродец и село Шипковица.

skopje-grom-nevremeee

– Патот меѓу двете села е одсечен во должина од 200 метри и оштетен во должина од 10 метри. Вработените на Дирекцијата за заштита и спасување започнаа активности за координирање и процена на настанатата состојба за итно организирано решавање на истата, стои во соопштението од ДЗС.

Од Дирекцијата за заштита и спасување, воедно информираат дека продолжуваат да ја следат состојбата на теренот и за секоја новонастаната состојба во континуитет ќе известуваат.

Невреме проследено со силен дожд, ветер и грмотевици го зафати и главниот град Скопје. Откорнати се дрва и поплавени улици, а делови од градот се без електрична енергија.

skopje-nevreme-dozd

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.