Следи нѐ
To Top

Бродец и Шипковица отсечени поради невремето

На територијата на Република Македонија во околината на Тетово се случи големо невреме проследено со силен дожд, ветер и грмотевици. 

Како што информира Дирекцијата за заштита и спасување врз основа на добиените податоци од терен, зафатени беа селото Бродец и село Шипковица.

– Патот меѓу двете села е одсечен во должина од 200 метри и оштетен во должина од 10 метри. Вработените на Дирекцијата за заштита и спасување започнаа активности за координирање и процена на настанатата состојба за итно организирано решавање на истата, стои во соопштението од ДЗС.

Од Дирекцијата за заштита и спасување, воедно информираат дека продолжуваат да ја следат состојбата на теренот и за секоја новонастаната состојба во континуитет ќе известуваат.

Невреме проследено со силен дожд, ветер и грмотевици го зафати и главниот град Скопје. Откорнати се дрва и поплавени улици, а делови од градот се без електрична енергија.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.