Следи нѐ
To Top

ВОНРЕДНА ПРОГНОЗА: Во Скопје се очекуваат врнежи и силни грмотевици и во текот на ноќта

Обилни врнежи од дожд проследени со силен ветер и грмотевици го зафатија Скопје.

Инаку временска прогноза на интернет сервисите вели дека силното невреме и ќе продолжи во текот на ноќта, додека утре нѐ очекува сончево, но постудено време, со можност за локална дестабилизација во попладневните часови.

prognoza

Денеска речиси цел ден помина во спарно и тешко топло време, а токму тоа еден од предзнаците на промената на времето која што се најавуваше попладнево.

Продорот на постудена воздушна маса во повисоките слоеви на атмосферата ќе придонесе за дестабилизација на истата, но процесите врзани со истата денеска ќе се задржат во западната половина од земјата. Развој на нестабилна облачност, повремен поинтазивен дожд проследен со грмежи и повремен засилен ветер е она што ќе биде резултата на промената на времето.

Невремето направи проблеми во главниот град

Сите екипи на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје во моментов интервенираат на терен во насока на оспособување на сообраќајниците каде се појавија поплавувања по невремето кое го зафати градот и се уште трае, информираат од Град Скопје.

Воедно, апелираат до граѓаните да останат во нивните домови и да не излегуваат со возила се додека не престане невремето и не се создадат услови за нормално одвивање на сообраќајот.

Во меѓувреме, по добиеното известување од  Градоначалникот на Град Скопје, Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје апелира до граѓаните кои со своите патнички возила  се  заглавени  на некои од поплавените критични места да останат во своите возила додека се повлече водата и да ја почекаат помошта од соодветните стручни лица од Јавните претпријатија на Градот.

Скопје е погодено од невреме, составено од обилни врнежи на дожд кои предизвикаа поплави на поголем број сообраќајници во Скопје, прекини во снабдувањето со електрична енергија и голем број скршени и паднати дрвја.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.