Следи нѐ
To Top

Во Скопје удриле повеќе од 800 громови (ФОТО)

Ова попладне скопскиот региион е зафатен од најсилното невреме годинава, и едно од посилните во изминативе години. Силни електрични празнења се забележани во периодот помеѓу 17 и 19 часот и достигна бројка околу 800 (за целото скопско подрачје), објави Метеопро.

Невремето е пропратено со силен ветер, интензивен дожд кој непрекидно вре веќе околу 1 час. Природата на ова невреме е таква што облачните ќелии се обновуваат една зад друга, па оттаму е и долготрајноста на ова невреме.

Делови од Скопје се без струја, а многу улици се поплавени.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.