Следи нѐ
To Top

Силно невреме го зафати Скопје (ФОТО)

Скопје попладневно го зафати силно невреме со засилен ветер проследен со кратки, но јаки грмежи и обилни врнежи од дожд.

Се очекува и во текот на ноќта ќе има појава на локален пороен дожд, проследен со грмежи и засилен ветер.

Од денеска попладне до понеделник, според синоптичарите ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во целата земја.

Сѐ уште нема информации за евентуални поплави на критичните места во Скопје.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.