Следи нѐ
To Top

Сончево и топло, попладне можен локален дожд

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и во текот на ноќта во западните делови со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ-индексот ќе изнесува.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 21, а дневната од 30 до 38 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и во текот на ноќта во западните делови со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе достигне до 37 степени.

Од утре попладне до понеделник ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните делови. Поизразена нестабилност се очекува в недела. Во вторник се уште ќе има услови за слаб локален дожд, а извесно стабилизирање на времето ќе има од среда. Од недела се очекува пад на температурата на воздухот зa 5 дo 7 степени.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.