Поврзи се со нас

Популарно.мк

Заглавените граѓани кај скопската обиколница бараа помош преку социјалните мрежи

Актуелно

Заглавените граѓани кај скопската обиколница бараа помош преку социјалните мрежи

Преку триесет возила скоро час и половина беа заглавени вечерва на скопската обиколница поради силното невреме кое го зафати Скопје. Според информации од граѓаните, свлечиште создало насип, поради кој се насобирало вода, која влегувала и во автомобилите, пренесува Нова Македонија.

Граѓаните бараа помош преку социјалните мрежи, известуваа за свлечиштето и дека во некои од возилата има и бебиња и мали деца.

Според последните информации, специјалните единици успеале да се пробијат до возилата и им помагаат на луѓето што биле заглавени на обиколницата.

Сѐ уште е непотврдена информацијата за почината жена во близина на Смилковското Езеро.

На социјалните мрежи се објавуваат апели за помош за повеќе заглавени автомоили на повеќе локации, меѓу кои и скопската обиколница.

Граѓаните велат дека и покрај обидите не можат да ја добијат полицијата на бројот 192.

Од Град Скопје, пак, апелираат до граѓаните да останат во нивните домови и да не излегуваат со возила се додека не престане невремето и не се создадат услови за нормално одвивање на сообраќајот.

Од Центарот за управување со кризи изјавија дека засега нема информација за повредени или исчезнати граѓани на територијата на Скопје. На бесплатниот телефонски број од 18 часот кога почна невремето во главниот град се регистрирани голем број јавувања на граѓани кои информираат за поплавени домови и заглавени возила на поплавени улици.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.