Следи нѐ
To Top

СНИМКА ОД ХЕЛИКОПТЕР: Погледнете ги обилните поплави во Стајковци и Сингелиќ

Министерството за внатрешни работи доцна попладнево објави видео снимка од акцијата на припадниците на полицијата кои учествуваат во спасување и помош на настрадите граѓани од поплавите кои го зафатија Скопје и околината.

На снимките кои се снимани со хеликоптер може да се види големото количество на вода кое има потопено голем број на куќи, ниви, оштетени домови и автомобили.

Инаку од МВР информираат дека досега се потврдени 21 загинати лица, од кои идентификувани се 20 лица и телата на починатите се предадени на семејствата, а за 1 лице сеуште трае утврдувањето на идентитетот. Починатите лица се пронајдени на подрачјето на  Гази Баба односно: Сингелиќ, Стајковци, обиколница Смилковци и  с.Црешево.

Во продолжение погледнете го видеото:

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.