Следи нѐ
To Top

ЦРВЕН КРСТ: Најпотребни се донации од храна, пелени, вода и средства за хигиена и дезинфекција

Поројните врнежи од дожд предизвикаа поплави на населени места и плодни површини во Скопје и Тетово. Поплавите на жал предизвикаа човечки загуби, како и големи материјални штети кои непосредно го погодија населението, за што веднаш беа преземени соодветни мерки за ублажување на последиците предизвикани од поплавите.

Во текот на изминатата ноќ тимовите на Црвениот крст на РМ се вклучија во помош, поддршка и евакуација на жителите во општина Гази Баба и беше дистрибуирана хуманитарна помош во храна, ќебиња, душеци, вода за пиење за 1.000 лица.

По првичната процена во текот на утринските часови на денешниот ден беше извршена дополнителна дистрибуција на хуманитарна помош во вода за пиење ( 35 т), храна, хигиена, душеци, ќебиња, облека за дополнитени 1.000 лица.

Во целата операција вклучени се 40 лица (волонтери и стручна служба на Црвениот крст), 4 мобилни тимови за прва медицинска помош и активиран е целокупниот логистички потенцијал на Црвениот крст на РМ.

Согласно информациите добиени од терен Црвениот крст на РМ апелира да се донираат следниве артикли: конзервирана храна, бебешка храна и пелени, вода за пиење, средства за хигиена, средства за дезинфекција.

Помошта може да се предаде во магацините на Црвениот крст на РМ во Момин Поток, Скопје од 08,00 до 18,00 часот (телефон за контакт: 3 096 227).

Заинтересираните правни субјекти и граѓани дополнително можат да се вклучат и со обезбедување на парична помош:

Жиро сметка на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка

Донирање на 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400

Донација на средства во странска валута:

NAME OF THE ORGANIZATION: MACEDONIAN RED CROSS
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228

Уште еднаш, апелираме во активностите за донирање на хуманитарна помош да се следат инструкциите на надлежните институции и Црвениот крст на РМ, со цел поефектно справување со последиците од природната катастрофа.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.