Следи нѐ
To Top

20 загинати од невремето во Скопје – 6 се исчезнати, преку 50 повредени

Во невремето што го погоди Скопје досега се пријавени 20 загинати лица во реоните на Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново, потврдуваат од МВР.

Оттаму велат дека досега се идентификувануи 13 лица, а до утринава во скопските клиники примени се 22 повредени. Претходно беа пријавени 6 исчезнати, но сед уште се утврдува дали тие се жртвите со оглед на тоа дека првичмните информации укажуваа на 15 настрадани. Полицијата работи на утврдување на идентитетите на останатите жртви.

Од елементарната непогода особено биле погодени Стајковци, Сингелиќ, Смилковци и Арачиново, каде се најдени жртвите, а пријавени се и големи штети – срушени и поплавени куќи и возила.

– За таа цел од МВР беа ангажирани Специјалните единици при МВР (ЕБР, ЕСЗ,ПЕП,Единицата за Јавен ред и мир) како и дополнителни служби и тоа : крим техника од Штип, Велес и Тетово, додека пак од останатите служби, ангажирани се Бригадата за против пожарна заштита, Јавното претпријатие Водовод, Дирекција за спасување и заштита, Итна медицинска помош и пајак служба, стои во соопштението.

Поради настанатите свлечишта кај клучката кај Стајковци кон клучката Радишани, по излегување на местото на настанот од страна на полициски службеници, било констатирано дека се заглавени околу 70 возила. Свлечиште било пријавено и на обиколницата на потегот Ѓорче Петров кон Стенковец, се наведува во соопштението од МВР.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.