Следи нѐ
To Top

Двегодишно дете е најмладата жртва во поплавите во Скопје

Од МВР соопштија дека досега се откриени тела на 21 жртва на поплавите во Скопско.

Двегодишниот Енес Мустафа од скопски Ченто е најмладата жртва која со себе ја зеде поплавата.

Во меѓувреме сѐ уште трае потрагата по 6-годишното момче на улицата Константин Петровиќ во скопско Сингелиќ, на кое уште од вчеравечер му се губи секаква трага.

Жителите на Сингелиќ кое според сите проценки е едно од најоштетените реони од катастрофалното невреме со неверување гледаат на состојбата велејќи дека досега немаат видено вакво невреме.

Најмногу жртви се од населбата Ченто, има двајца загинати од Крива Паланка и по еден мртов од Куманово и од Тетово. Една жртва засега не е идентификувана.

Ова е листата на загинатите која доцна попладнево се објави низ медиумите:

-Бајрам М. (роден 1949 г.) и Енес М. (роден 2014 г.), Ченто, дедо и внук

-Катерина М. (родена 1933 г.) Ченто

-Славка И. (родена 1956 г.) и Томислав И. (роден 1950 г.) Ченто-Економија, маж и сопруга

-Ѓилмез М. (родена 1940 г.) Ченто

-Мурат С. (роден 1957 г.) Ченто

-Марина В. (родена 1977 г.) и Јован В. , Крива Паланка (мајка и син)

-Земрије С. (родена 1985 г.) Ченто

-Наде И. (родена 1955 г.) Стајковци

-Блага Ј. (родена 1941 г.) Смилковци

-Фуркан Ф. (роден 1987 г.) Ченто

-Мирко М. (роден 1949 г.) и Сашо М. (роден 1971 г.) Црешево

-Ќазим И. (роден 1933 г.) Ченто

-Љубица Д. (родена 1935 г.) Црешево

-Убавка Ј. (родена 1965 г.) Стајковци

-Жаклина Б. (родена 1973 г.) Куманово

-Достана Д. (родена 1974 г.) Тетово

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.