fbpx
Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Најдено починато дете во Сингелиќ

Актуелно

Најдено починато дете во Сингелиќ

И.Г. од село Стајковци вчера околу 20:40 часот сам го пронашол телото на своето 12-годишно дете кое претходно беше пријавено за исчезното во невремето, потврдија од МВР за МИА. 

Телото на детето е пронајдено на последната постојка за автобусот 65 во населбата Сингелиќ.

Детето заедно со својот дедо, таткото на И.Г., за време на поројниот дожд во саботата, се возело со трактор. Околу 22 часот во близина на крстосница меѓу улиците „8“ и „5“ наишол голем воден бран кој го превртел тракторот. Водата почнала да го носи детето кон местото Попово маало од каде му се губи трагата.

По извршената идентификација, по наредба на јавен обвинител, телото на детето е прeдадено на семејството.

Џ.Ф. (18), пак, вчера попладне во 18 часот ја пријавил за исчезната својата 16-месечна внука од брат му, кој почина во невремето.

Таткото и ќерката, на 6 август околу 20 часот, се движеле со возило во близина на обиколницата Смилковско езеро кога на нив наишол голем воден бран. Водата почнала да го носи возилото и од тогаш на детето му се губи трагата.

Како што велат од МВР, се преземаат мерки за пронаоѓање на детето, но до овој момент нема нови информации во врска со него, ниту за какви било други случаи на починати и повредени од досега објавените.

Заклучно со денеска, официјалниот број на загинати во невремето што го зафати Скопско во саботата достигна 22 лица.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.