Следи нѐ
To Top

ЈОСИФОВСКИ РАЗГОЛЕН: Акционерите прашуваат – каде се парите?

Поминаа речиси два месеци откако македонската берза доби разбранување по објавувањето на намерата на Балкан Петролеум Холдинг Лимитед за преземање на Макпетрол, пренесува Инфомакс.

Поради желбата да се дознае вистината, медиумите тропаа на многу врати и се заглавија во лавиринтот. Која е вистината и на која страна падна терезијата… Да го одмотаме клопчето и да ги извадиме фактите!

Веднаш по објавувањето на намерата за преземање, Телевизија Телма позади која стои првиот човек на Макпетрол, Андреја Јосифовски, ја започна битката за зачувување на “мајката фирма” и веќе два месеци упорно и агресивно ја води истата, но кажувајќи информации или шпекулации?

Приказната на Телма за обвинувањата кон БПХЛ започна со споменување на бизнисменот Ури Бидер, за кого се изнесоа безброј информации преку организирано патување на екипа од телевизијата до Романија, како би можела да истражи што повеќе за Бидер. Оттаму јавија дека некогашниот прв човек на рафинеријата Рафо ја довел истата во пропаст. Но информациите до кои ние дојдовме, по разговор со локален новинар кој го водел целиот случај, велат дека вистината е сосема поинаква… Во кусото време на менаџирање на Бидер во Рафо, тој компанијата ја начекува со долг по основ на плати кон вработените во износ од 15 милиони долари и со пауза во работењето од 6 месеци. По обезбедување на платите и вадење на компанијата од долгот, Рафо започнува повторно со работа, но овој пат со фул капацитет, а токму затоа вработените во Рафо го нарекувале Бидер, “спасувачот”. Дополнително, значаен е фактот дека во времето на менаџирање, процесирани се 2 милиони тони сурова нафта. По кусо работно искуство во Рафо, тој ја напушта Романија во јули 2006 и отогаш никогаш повеќе не е виден во Рафо ниту во Романија. Исто така новинарот со кој стапивме во контакт, нагласи дека интервјуата кои беа пласирани на Телма, а врз база на кои се базираа нашите прашања кон него, се всушност интервјуа направени во 2009 година, т.е. 3 години по менаџирањето на Рафо од страна на Бидер, и токму затоа ги карактеризираше како многу нелогични поврзувањата на ставовите од интервјуата со Бидер.

Вистината е дека Бидер е вработен во АЛОВ АД и според вработените во компанијата тој се смета за “виновник” што македонскиот ЈСП, соработката за набавка на нафтени деривати од Макпетрол, ја префрла во истоимената компанија, веднаш по финансиската инвестиција на Ури и по унапредувањето на процесите на работењето на АЛОВ, благодарение на кои АЛОВ го добива тендерот, кој години наназад вообичаено го добиваше Макпетрол. Дали овој податок ни укажува на финансиската болка нанесена на Макпетрол од страна на Бидер и токму во оваа ситуација на слабост, Макпетрол и моменталниот менаџмент, се обидоа напразно да маваат по “грбот” на Бидер?

Но ваквите податоци не натераа да ја продолжиме истрагата во насока да ја чуеме и другата страна, па токму затоа пробавме да стапиме во контакт со Ури Бидер, кој беше дециден во ставот дека ни најмалку не би можел да замисли да го спушти своето ниво на нивото на новинарите од Телма и да се објаснува за пласираните невистини. Телефонскиот разговор го заврши со: “Можете да викате колку можете погласно, но сепак тоа нема да направи дека сте во право.”

И сега остануваат неодговорени прашањата: Која е вистината? Зошто Телма си игра со јавноста преку пласирање на лаги? Возможно ли е да се служи со толку ниско ниво на истражувачко новинарство и да ја спинува вистината во функција на својата “мајка фирма”?

Интересен е да се спомене и фактот дека новинарската фела на Телма креираше класичен училишен спин да ја претстави компанијата Балкан Петролеум Холдинг Лимитед, во насока на оф-шор компанија, за која во повеќе наврати инвеститорите појаснија дека истата е отворена од неодамна, со цел да послужи за остварување на нова бизнис зделка и дека истата е фирма ќерка на компаниите, на двајцата инвеститори, кои се регистирирани во Кипар, и кои од пред 3 години подлежат на законот на Европска Унија, што значи дека не се во категоријата на оф-шор компании.

Потоа фокусот од Бидер и оф-шор шемите, се сврте кон инвеститорите, веднаш по нивното прво излагање во јавноста. На нивна сметка се изнесоа уште безброј податоци за нивното работно искуство кое според приложеното СВ и те како е импресивно и зборува за искусни бизнимени во нафтениот сектор. Но тука не запре притисокот на Телма во соработка со менаџментот на Макпетрол. Се шпекулираше дека компанијата не пријавила банкарска гаранција, потоа се нанесуваа клевети и лаги на сметка на УБС банка, банката преку која Балкан Петролеум Холдинг Лимитед ја приложи банкарската гаранција и која важи за една од најдобрите светски банки.

“Валкани пари”, “црн капитал”, “бизнимени кои имаат цел да ја уништат Макпетрол и да остават 2000 семејства без финансиски средства”, “кругови на лица и бизнимени кои се поврзани со криминални досиеја”, континуиран притисок со апел за проверка на овие погоре споменети информации до вратите на државните институции, барања за проверка на изворот на средствата и кревање на огромна фама во јавноста, само сведочеа за стравот од чистите документи и искрената намера од страна на Каплан и Смузиков за преземање на компанијата.

Но и по овие сериозни обвинувања и притисоци, кои и те како се неосновани и без поткрепа од никакви факти, фамата продолжи…

Вклучувањето на политичките партии и “партизирањето” на исклучиво бизнис прашање, Макпетрол, во последните денови ја ескалираше целата ситуација како сведочење за стравот од откривање на уште повеќе “валкан веш” во канцелариите на Макпетрол… И сите тие набедувања, без ниеден факт, без ниеден документ, поткрепа ни во најмала мера…

Експерти, професори, политички ликови, армија од новинари и платени медиуми, се на страната на Макпетрол и сите тие со своите излагања без никаква поткрепа ја играат играта за спас на Макпетрол, но пред сè за спас на менаџментот кој очигледно се плаши поради криминалните дејствијa кои би биле разоткриени со преземањето… Каде се фактите? Каде се доказите за сите нанесени клевети на сметка на Балкан Петролеум Холдинг Лимитед…

На овие прашања може да се издвојат само фактите и документите кои деновиве испливаа во медиумите… Но на друга адреса. На адресата на Макпетрол.

Затоа доста е со шпекулации… Ајде да изнесеме малку факти. Оној кој упорно ја напаѓа компанијата “преземач” и истата ја врзува со оф-шор шеми веќе два месеци, е всушност “иноваторот” на приказната која ја испраќа на друга адреса и тоа уште пред 20 години. Колку оваа иновација на Јосифовски им нанесе штета на акционерите во Макпетрол?

Дали полнењето на сопствените џебови на Јосифовски и СМ всушност ги испразни џебовите на акционерите преку пералната на Кипар? Зарем наместо да напаѓа Јосифовски, не е попаметно да им одговори на 2000те вработени и на 2.636те акционери каде се нивните пари?

Да ги разгледаме можните одговори на прашањето кое Јосифовски веќе месеци го премолчува: Каде се парите од претставените загуби на Макпетрол?

1. Дали со испраните пари Андреја само ја зацврстувал својата позиција во Макпетрол, купувајќи акции на сопствено име…? Или можеби тие пари се оние истите пари со кои се купуваат акции преку ММ Оил Канада, фирмата-фантом за која деновиве се читаше во медиумите дека всушност претставува кратенка од иницијалите на Милица и Марија – ќерките на првиот човек на Макпетрол и дека истата е всушност во сопственост на Андреја? Само да потсетиме дека за оваа компанија во Македонскиот Централен Регистар не постојат никакви податоци дека се води на нечие име.

prv_makpetrol vtor_makpetrol tret_makpetrol cetvrt_makpetrol pet_makpetrol sest_makpetrol sedum_makpetrol

Но да се навратиме наназад. Едно нешто не треба да се погодува бидејки е факт…а тоа се парите стекнати на Кипар на сметката на Андреја и партнерот… Документите покажуваат дека PETROIMPEX има направен промет од десетици милиони долари секоја година.

И сега, покрај овој факт, истиот тој човек бара заштита од политички партии и институции? Бара да не дојде некој за кој набедува дека работи со “испрани” и “валкани пари”…?

Во секоја земја со вистински бизнис вредности, би се поставил знак прашалник: Со која репутација на чист бизнисмен Андреја бара поддршка од Владата и институциите и политичките партии… дали воопшто е вистинско време сега пред изборите, некој политичар да се поврзе и здружи со “валкан” бизнисмен како Андреја… се размислува ли за имиџот кој тој политичар ќе го стекне во јавноста ако ги брани неговите криминали?

Зарем на фактите кои покажуваат дека Aндреја е тој што краде, може да сe премочи или да се заклучи дека тука има политичка сплетка за преземање на Макпетрол?

И уште нешто… Зарем е возможно менаџментот на Макпетрол да не ги знае законите, а во исто време обидувајќи се да го спаси својот рудник, да се користи со разни правни заклучоци дека во целата процедура за преземање нешто не е во ред… Кога всушност она што не е во ред, е премолчувањето на средствата добиени од акциите во компании во странство, кои пред сè мора да се регистрираат во Република Македонија?

Зарем не е прекршување на законот молчењето на оваа тема на A.J. и M.С.?

Дополнително, зарем не иритира фактот дека за време на загуба на компанија, “мозокот” на истата сам себе се наградува со годишен бонус? Иритира, исто толку колку што иритира и фактот дека “мозокот” на компанијата кога настапува на позиција менаџер, на сметките на истата начекува + од 50 милиони евра, а сега во моментот истата таа компанија е со 50 милиони евра, но со – на своите сметки.

Да не го споменуваме фактот на кој бурно реагираат акционерите, а тоа е делењето на дивиденда на Андреја, единствен акционер во Макпетрол, кој зема пари од дивиденда, но за жал не од Макпетрол, туку од Оилко, благодарение на уште една од неговите финансиски кружни иновации.

Уште еден факт, актуелен периодов, на кој најверојатно не се сложни акционерите, кои веќе 9 години прашуваат каде се парите, а тоа е фактот што овие неколку месеци Макпетрол, со цел да го заштити својот имиџ преку изградба на нов позитивен во јавноста (плукајќи по Балкан Петролеум Холдинг Лимитед), потроши илјадници евра во медиумите купувајќи свој медиумски простор.

Најверојанто акционерите не го сметаат ова како позитивен чекор на менаџментот, кој веќе 9 години направи да бидат лишени од дивиденди.

Но постои еден факт, кој со сигурност ги натера сите да се запрашаат, како е возможно компанија која 9 години редум книжи загуба, наеднаш, за само три месеци да покаже профит… Ова повлече многу прашања, еве едно кое ни паѓа напамет:
Дали секоја година од оние 9 поминати во загуба, всушност имале потенцијал за генерирање на ултра голем профит и истиот бил генериран, но некаде стихијно претекувал во друг “резервоар”?

На ова прашање одговорот може да го даде само еден човек, тој истиот, кој не е лошо да покаже како го стекна капиталот во овие 20 години за да се најде на листата на најбогати Македонци според Форбс? Можеби благодарение на странските сметки… можеби…

Од анонимните извори, кои всушност беа инспирација за оваа сторија, дознаваме дека акционер во MM OIL Canada е уште една оф-шор компанија наречена FIRSTINVEST со истиот администратор. Но наместо одговор на ова, сигурно ќе стигне уште еден артикл од менаџментот на Макпетрол, во кој Андреја ќе се претстави како жртва на политички фигури, а на сите ни е јасно дека вклучување на политика во бизнис прашање е само знак за страв.

osum_Makpetrol devet_makpetrol

За жал, заклучокот води само кон едно. Андреја не е жртва на политички сплетки, не е жртва на бизнис интерес пројавен од двајца милионери, не е жртва на бунтот на акционерите кои не добиле пари со години, не е жртва на 2000 вработени кои потајно копнеат за промена на непотизам со професионален менаџмент. За жал, може да се заклучи дека тој е жртва исклучиво на сопствената пајакова мрежа која со години ја плетел… за на крај самиот да се вплетка во неа.

Прашањето останува „КАДЕ СЕ ПАРИТЕ?“

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.