Следи нѐ
To Top

Обиколницата во Скопје пуштена за сообраќај во двата правца

Обиколницата Скопје која беше затворена по невремето од саботата, попладнево од 17.55 часот е пуштена за сообраќај во двата правца, соопшти Автомотосојузот на Македонија. 

АМСМ информира дека има делови од коловозот кои се оштетени и таму се поставени сообраќајни знаци за регулирање на брзината на движење на возилата.

Сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.