Следи нѐ
To Top

Во Будимпешта започнува фестивалот „Сигет“ кој ќе ги пречека најголемите светски музички ѕвезди!

Од денеска до недела во Будимпешта започнува европскиот фестивал „Сигет“ кој се одржува на таканаречениот Остров на слободата во реката Дунав.

Во програмата на седумдневниот фестивал на главната бина во Будимпешта ќе настапат Ријана, Сиа, Дејвид Гета, Хардвел, Џон Њуман, Бастил, Тајни Темпах, Ноел Галагер, Каисер Чифс и преку 3.000 други изведувачи на останатите 15 бини и останати забавни локации на островот.

Според официјалните најави, Будимпешта е подготвена да биде домаќин на над 500.000 гости од цела Европа, меѓу кои и илјадници фанови од Македонија.

Екипата на Популарно.мк ќе ве известува за сите случувања од најголемиот европски фестивал, Сигет 2016.

 

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Музика

error: Содржината е заштитена со авторски права.