Следи нѐ
To Top

Изминатиот ден 11 сообраќајки во Скопје

Во текот на изминатиот ден во Скопје се случиле 11 сообраќајни незгоди.

Самостојниот  инспектор во СВР-Скопје Драган Вељаноски информира дека сообраќајната полиција извршила увид на 11 сообраќајни незгоди. Од нив седум се со последица материјална штета, четири се со последица телесна повреда, во кои три лица се здобиле со телесни повреди.

Во текот на изминатите 24 часа, од страна на сообраќајната полиција откриени се неколку прекршоци. Две лица управувале патничко моторно возило без возачка дозвола, а еден возач е санкциониран поради необновување на регистрација на возилото. Еден прекршок е од возач-почетник.

Специјалното возило „пајак“ не отстранило ниту едно возило.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.