Следи нѐ
To Top

НОВ МАКЕДОНСКИ БЕНД: Слушнете ја песната „Без тебе“ на Акустик Дивижн

Акустик Дивижн е нов македонски акустичен поп-рок состав формиран на почетокот на 2015 година од страна на Бојан Галевски (гитара) и Коста Бинов (вокал), а во јуни истата година им се приклучува и Марио Кузев (кахон – ударни инструменти).

Во последно време работеа на нивната авторска песна „Без тебе” која ја доби својата официјална промоција минатиот петок.

Песната е снимена во студиото „Револушн“ и истата е прв проект на студиото за Македонски пазар.

Покрај секојдневните настапи низ многу скопски локали, Акустик Дивижн настапија и на овогодинешниот Вино Фест, а ги очекува уште еден голем настан годинава – скопскиот Пиволенд.

Во продолжение слушнете го новиот потенцијален ХИТ – „Без тебе“:

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Промо

error: Содржината е заштитена со авторски права.