Следи нѐ
To Top

И „Д Продиџи“ се вклучија во хуманитарната акција за настраданите од поплавите

Светски познатите „Д Продиџи“, кои на 14 август настапуваат во Охрид, на својот фејсбук-профил изразија поддршка и сочувство за настраданите во поплавите во Скопје.

– Најголема почит за Македонците што ги загубија животите и настрадаа во поплавите. Ние ќе донираме во Црвениот крст на Македонија. Почит кон сите жртви и нивните семејства и до сите македонски борци. Се гледаме на „Охрид колинг“ во недела на 14 август – напиша бендот на фејсбук-страната.

реклама

 Инаку, „Д Продиџи“ доаѓаат во Македонија една година по промоцијата на нивниот последен албум „Invaders must die“, со кој четврти пат по ред го освојуваат првото место на британската топ-листа.

prodigy

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.