Поврзи се со нас

Популарно.мк

Чешка испраќа помош за поплавените подрачја

Uncategorized

Чешка испраќа помош за поплавените подрачја

Чешките пожарникари ќе испратат електрични генератори и пумпи за чистење тиња по поплавите, кои пред неколку дена ја зафатија Македонија. 

Хуманитарниот конвој ќе тргне денеска, информираше портпаролката на Генералниот директорат на Противпожарната бригада на Чешка Никол Заоралова, јави дописникот на МИА од Прага.

Според Заоралова, Македонија побарала химанитарна помош со посредство на Европскиот систем за комуникација при кризни ситуации.

– Чешка, која има богато искуство при решавање на поплавени подрачја, на Македонија и понуди осум генератори и 47 пумпи за чистење на тиња и земјата ја прифати понудата, рече Заоралова.

Помошта, која ќе биде испратена со камион со приколка и едно командно возило, се очекува во Македонија да пристигне во сабота и ќе биде преземена од локалните власти во Скопје во присуство на чешкиот амбасадор.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Uncategorized

Маркетинг

Трендинг

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.