Следи нѐ
To Top

ПОПУЛАРНО НА СИГЕТ: Дождот не ја расипа забавата на првиот фестивалски ден во Будимпешта (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Најголемата забава во централна Европа започна вчера, со стартот на фестивалот Сигет во престолнината на Унгарија, Будимпешта.

Дури ни дождот, калта и ниските температури кои паднаа до 13 степени Целзиусови не можеа да го растурат фестивалскиот дух.

На првиот фестивалски ден на главната бина главни хедлајнери беа Дај Антвуд и Д Кемикал Брадрс, додека на останатите бини, 22 во број, настапија преку 1.000 изведувачи.

На Островот на слободата се очекува да дојдат преку 500.000 посетители во текот на сите фестивалски дена, а најбројни се посетителите од западноевропските земји Велика Британија, Германија, Холандија и Данска.

Rockstar Photographers - http://facebook.com/festivalphotographers Rockstar Photographers - http://facebook.com/festivalphotographers Rockstar Photographers - http://facebook.com/festivalphotographers Rockstar Photographers - http://facebook.com/festivalphotographers Rockstar Photographers - http://facebook.com/festivalphotographers
<
>
Rockstar Photographers - http://facebook.com/festivalphotographers

Во случајна изјава една жена од Холандија ни сподели: „Ова е мој трет пат како доаѓам на Сигет, според мене најубав фестивал во светот… дождот не може да ја расипе забавата (се смее)“.

Инаку фестивалот Сигет започнал како мал фестивал во Будимпешта во далечната 1993 година. Оттогаш брзо прераснува во најголемиот летен фестивал во Унгарија, наградуван со епитетот „Најдобар европски фестивал“ неколку години по ред.

Вечерва на главната бина следува спектакл со настапот на мега-популарната Ријана, а освен нејзе до крајот на фестивалот публиката ќе се забавува и со светски познатите Сиа, Џон Њуман, Бастил, Ману Чао, Мјуз, Тајни Темпах, Дејвид Гета, Кајсер Чифс, Ноел Галагер и многу други.

Популарно останува во Будимпешта, да ве известува од центарот на најлудата забава во Европа!

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Музика

error: Содржината е заштитена со авторски права.