Следи нѐ
To Top

Фронтменот на „Колдплеј“ доби „непристоен предлог“ среде концерт (ВИДЕО)

Фронтменот на британската група „Колдплеј“, Крис Мартин важи за еден од пејачите со најголем број обожателки, па често добива разни љубовни понуди.

Последна во низата, беше понудата на една девојка која за време на концерт на бендот извика: „Крис, води љубов со мене“.

Но, ваквата понуди не го збуни Крис и тој досетливо и одговори на девојката, предизвикувајќи смеа во публиката.

– Тоа е прекрасна понуда. Но, прво треба да те изведам на вечера. Знаеш веќе како оди тоа, одговри Крис на „непристојната понуда“.

Групата „Колдплеј“ во моментов се наоѓа на светска турнеја на која го промовира својот нов албум „A Head Full of Dreams“.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.