Поврзи се со нас

Популарно.мк

АТРАКТИВНА НА СЦЕНА: Ријана направи „лудило“ на Сигет во Будимпешта (ВИДЕО)

Музика

АТРАКТИВНА НА СЦЕНА: Ријана направи „лудило“ на Сигет во Будимпешта (ВИДЕО)

Уште една спектакуларна вечер на Островот на слободата во Будимпешта!

Главна ѕвезда на вториот фестивалски ден беше единствената и  мегапопуларната Ријана, или како ние милуваме да ја викаме, Рири, која направи лудило и бунило на сцената на фестивалот Сигет.

Просторот пред главната бина беше буквално исполнет до последното место, а организаторите проценија дека на Островот биле присутни околу 100.000 посетители.

13920018_10155268477643975_6626434650398037397_o 4 3 riri1 2 5
<
>

Инаку, вчера на официјалната прес-конференција беше најавено дека настапот на оваа мега ѕвезда го чинело фестивалот скоро 1 милион долари.

Интересно да се напомене е тоа што за првпат во историјата на менаџментот на Ријана, не било побарано да се плати дел од сумата пред нејзиниот настап, туку од организаторите било побарано да и го исплатат хонорарот на познатата пејачка откако ќе заврши со настапот на главната бина на овој европски фестивал.

Во продолжение погледнете фотографии и видео од настапот на Ријана на фестивалот Сигет. Екипата на Популарно.мк останува во Будимпешта да ви ги пренесува сите информации од центарот на најголемата забава во Европа!

Повеќе од Музика

Маркетинг

Трендинг

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.