Следи нѐ
To Top

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Облачно, ветровито и доста свежо

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, ветровито и доста свежо, во планинските региони претпладне со појава на локален дожд. Ќе дува засилен северен ветер, кој вдолж Повардарието и во источните делови повремено ќе достигнува брзина и над 80 километри на час.

Утринските температури ќе бидат меѓу 12 и 19 степени, дневните ќе се движат од 21 до 27 степени, а УВ-индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, ветровито и доста свежо со умерен до повремено засилен северен ветер преку денот. Минималната температура ќе изнесува 17 степени, а максималната ќе достигне до 23 степени Целзиусови.

За време на викендот времето ќе биде стабилно, но в сабота се уште со повремено засилен северен ветер. Стабилно ќе биде и од понеделник,  а дневната температура ќе продолжи постепено да расте.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.