Следи нѐ
To Top

Двесте илјади евра од Италија за помош на настраданите во поплавите

Италијанското Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка – Генерална дирекција за соработка и развој преку Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвената полумесечина, додели 200 илјади евра, со цел да се поддржат активностите на Црвениот крст на Република Македонија, за ублажување на последиците од поплавите во Скопско, соопшти Италијанската амбасада во Скопје.

Средствата, како што се наведува, ќе придонесат за финансирање на активностите за прва помош предводени од македонскиот Црвен крст, како на пример набавка на прехранбени производи, вода за пиење и други неопходности од примарен карактер: хигиенски средства, облека, душеци, покривки итн.

133297729

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.