Следи нѐ
To Top

Волци напаѓаат во скопско Нерези

Во населбата Средно Нерези во Скопје синоќа волци влегле во дворови на жителите пришто задавиле едно домашно куче-загар, а во соседниот двор убиле и изеле една коза, соопшти денеска Општина Карпош.

Жителите на Нерези забележале голем црн волк кој ги нападнал и куќите од Горно Нерези и предизвикал паника меѓу животните и жителите на овие населби.

Општина Карпош ги предупредува граѓаните на крајна внимателност и да се воздржат од ноќни прошетки по Водно. Ова не е прв пат во Општина Карпош „на гости” од планината Водно да се спуштаат и да напаѓаат домашни животни меѓу жителите, стои во соопштението.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.