Следи нѐ
To Top

ПРВ ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ: Одличен настап на македонскиот спринтер Ристе Пандев

Македонскиот атлетичар Ристе Пандев имаше одличен настап во квалификациите на 100 метри на Олимписките игри во Рио.

Во своето деби на Олимпијадата Пандев настапи во првата квалификациска трка на 100 метри, а во конкуренција на осуммина натпреварувачи иако важеше за аутсајдер сепак  струмичанецот прв ја мина целната рамнина.

Пандев истрча време од 10 секунди и 72 стотинки што е негово најдобро остварување сезонава, а за само 11 стотинки послаб резултат од државниот рекорд на Македонија, кој е во негова сопственост.

Со триумфот во групата Пандев се избори за нов настап во вториот квалификациски круг односно четвртфиналната рунда каде конкуренцијата ќе биде уште посилна, но сепак со веќе постигнатото е најдобриот настап на македонските олимпијци досега во Рио.

Можност за уште подобар Пандев ќе има веќе во 17 часот за кога е закажана следната квалификациска рунда.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Останато

error: Содржината е заштитена со авторски права.