Следи нѐ
To Top

МУЗИЧКА ЕКСПЛОЗИЈА: Со настапот на „Д Продиџи“ заврши првото издание на „Охрид колинг“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Музичка експлозија на сцена!

Само така може да се нарече вчерашниот адреналински настап на мегапопуларните „Д Продици“ кои го затворија првото издание на фестивалот „Охрид колинг“.

Британската енергетска музичка сензација „Продиџи“ во рамките на промотивната турнеја на последниот албум „The Day Is My Enemy“ претстави дел од новите нумери, но не ги остави фановите без хитовите со кои е препознатлив, како „Omen“, „Firestarter“, „No good“, „Smack my bitch up“ и многу други.

Иако според коментарите на социјалните мрежи, концертот траел многу кратко, сепак од Авалон продукција искочија со соопштение дека настапот на оваа позната група, без разлика дали настапуваат во Охрид, Рио или Лондон, траел точно 85 минути и дека било испочитувано целосното рајдер побарување на бендот.

За потсетување, „Д Продиџи“ неколку дена пред настапот најавија дека ќе донираат финансиски средства за семејствата што беа зафатени од невремето во околината на Скопје.

Во продолжение погледнете ја атмосферата од овој концерт низ објективот на нашиот фотограф Атанас Стојановски:

<
>

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.