Следи нѐ
To Top

Децата во Велика Британија веруваат дека чоколадото расте на дрво

Според анкета направена од една британска прехранбена компанија, децата во Обединетото Кралство сметаат дека пашканатoт, па и чоколадото растат на дрво, а крушите „растат во двојки“, пренесува „Дејли експрес”.

Анкетата со којашто биле опфатени над 2000 деца на возраст од 7 до 12 години, покажува недостиг на знаење во однос на составот на храната, алергиите кои таа може  да ги причини. Осумдесет отсто од децата во Велика Британија признаваат дека не го разбираат добро тој проблем. Некои дури велат дека врсниците кои имаат алергија од јајца сепак можат да ги јадат во форма на кајгана или омлет, наведува БТВ.

Испитувањето открива и дека еден од десет ученици нема поим дека гравот е мешункасто растение. Исто толкав процент веруваат дека шунката не се прави од свинско.

Една петтина од децата во училишна возраст, на пример, не знаат дека маслото е животински производ и мислат дека се прави во супермаркетите. Дури шест отсто веруваат веруваат дека чоколадото расте на дрво во правоаголни форми.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

error: Содржината е заштитена со авторски права.