Следи нѐ
To Top

24-годишно момче пронајдено мртво во Охридското Езеро

Дваесет и четиригодишниот Марко В. Од Скопје е лицето чие беживотно тело вчера попладнето беше пронајдено во водите на Охридското Езеро во близина на воениот камп „Св. Наум“.

Спроведениот преглед извршен вчера околу 16 часот во амбулантата во Пештани покажал дека нема повреди и траги на насилство врз телото на лицето.

Инаку, телото вчера околу 14:20 часот било забележано од медицинска екипа од воената амбуланта во кампот, во езерските води на околу 20 метри од брегот. Од нивна страна биле спроведени мерки за реанимација, а потоа со медицинско возило телото било пренесено во амбулантата во Пештани, каде од лекар од амбулантата и од Службата за итна медицинска помош била констатирана смрт.

По наредба на Јавен обвинител во текот на денешниот ден врз безживотното тело ќе биде извршена обдукција во Судска медицина при Медицинскиот центар во Битола, за утврдување за причините за настапувањето на смртта

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.