Следи нѐ
To Top

Теjлoр Свифт донира еден милион долари за погодените од поплавите во Луизијана

Поп пејачката Тејлор Свифт изјави дека ќе подари еден милион долари за населението кое настрада од катастрофалните поплави во Луизијана, пренесуваат западните медиуми.

Овие поплави се едни од најголемите кои се случиле во историјата на оваа американска сојузна држава. Штетите се огромни, погодени се најмалку 40.000 згради. Околу 60.000 жители пројавија потреба од помош за справување со штетите. Билансот жртви достигна 11 лица.

Свифт рече дека срцето и се кине од мака кога гледа како луѓето се приморани да ги напуштат своите домови. Тоа посебно, затоа што на турнејата минатата година, како што вели, тие луѓе ја прифатиле како своја, така што таа се чувствувала како дома.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.